Дома Фудбал Италија Каде Сари ги одведе играчите на Наполи за време на натпреварот помеѓу Интер и Јувентус?

Каде Сари ги одведе играчите на Наполи за време на натпреварот помеѓу Интер и Јувентус?

Наполитанците не можеа да го гледаат дуелот помеѓу Интер и Јувентус (2:3), а тоа се покажа како и подобро решение.

Наполи има еден бод помалку од водечкиот Јувентус и се надеваше на кикс на „Старата дама“ во Милано, меѓутоа, Јуве, иако губеше 2:1, дојде до резултат од 3:2 и ќе остане лидер и по ова коло. Тренерот на Наполи, Маурицио Сари одлучи да ги одведе играчите на вечера во хотелски ресторан каде што немаше ТВ и од нив побара да ги остават телефоните на страна за да не ги гледаат настаните од Милано.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


По реакцијата на келнерите, кои навивале против Јувентус можеа да забележат дека работите одат добро за Наполи, но тоа беше пред во последните минути тимот од Торино да постигне два гола и да дојде до пресврт. Подоцна имало разочарување кога го погледнале резултатот, но играчите на Наполи денеска одат во Фиренца по победа и не се откажуваат од титулата.

Наполи по Фиорентина го пречекува Торино, па оди на гости во Сампдорија и ќе го пречека Кротоне, додека Јуве има дуели дома со Болоња и Верона и гостување во Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На „Делије“ им беше забранет пристап на Сан Сиро. Погледнете ги обезбедувачите кога пееја Србите

Италијанската полиција и градските власти на Милано пред две недели им забранија на навива…