Од Бразил ни доаѓа интересна приказна поврзана за фудбалерот на Гремио кој ова лето беше мета на неколку европски гиганти.
Станува збор за напаѓачот Луан. Фудбалските симпатизери за слушнаа ова лето кога Гремио за неговите услуги одбиваше сум од 23 до 30 милиони евра, а го бараа Спартак Москва, Ливерпул, Сампдорија, Арсенал…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пристигнааа неколку конкретни понуди, но ниту една не беше доволна за да ги задоволи апетитите на клубот кој на светот му го подари легендарниот Роналдињо.
Неодамна Гремио на својот официјален сајт објави дека Луан го продолжил договорот со нивниот клуб до јуни 2020 година. Веднаш преовладуваше мислењето дека клубот тоа го направил со цел да се заштити од потенцијалните купувачи, кои би можеле да се обидат да го доведат веќе во јануари.
Сепак она што ги збуни медиумите во Бразил е клазулата која е вградена во договорот на Луан. Имено таа изнесува помеѓу 18 и 20 милиони евра?!
Гледајќи ги понудите кои пристигнуваа во текот на летото тоа е негде помеѓу 5 и 12 милиони милиони евра помалку од она што Гремио го одбиваше во текот на летото.
Навистина чуден потег на управата на бразилскиот клуб.