Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез го одигра последниот натпревар во дресот на бразилскиот клуб Гремио од кој со голем стил се прости – со гол против Васко де Гама (1:0).
Суарез во неделата вечерта доби овации од публиката и не можеше да ги задржи солзите кога во друштво на своето семејство кое се спушти на теренот го погледна видеото кое му го посвети Гремио.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Напиша прекрасно поглавје од нашата историја. Каде и да си, засекогаш ќе бидеш „бесмртен“ – напиша Гремио на социјалните мрежи.
Суарез постигна 27 гола на 52 натпревари за Гремио, а се очекува да му се приклучи на Интер од Мајами, каде го чекаат неговите поранешни соиграчи од Барселона – Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
GRACIAS, @LuisSuarez9 🥹🇪🇪 Um capítulo lindo de nossa história foi escrito por ti. O 4º maior artilheiro em atividade do mundo deixou a sua marca 27 vezes com nosso manto. Onde estiver, serás para sempre IMORTAL! 💙 pic.twitter.com/gtcy7aLshE
— Grêmio FBPA (@Gremio) December 4, 2023