Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години со убедлива победа над Австрија ја завршија групната фаза од Европското првенство кое се одржува во Скопје.
Натпреварот почина со едноминутно молчење во чест на починатата кошаркарска легенда, Лазар Лечиќ.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Македонија очекувано ја совлада Австрија so 95-88, но уште пред овој дуел се знаеше дека немаме шанси за место меѓу осумте најдобри.
Прв стрелец во нашите редови беше Ѓорѓи Цветковски со 25 поени, зад него беше Ѓорѓи Ѓорѓиевиќ со 20 поени, 7 скока и 7 асистенции.