ПСЖ е на добар пат да загуби еден од своите најдобри играчи. Заминување од клубот побара Единсон Кавани.
После победата во францускиот куп против Лориент, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо призна дека по скоро седум години Кавани сака да го напушти Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Се надевавме дека ќе остане во клубот, но тој побара да си замине. Ние ја разгледуваме ситуацијата”- изјави славниот бразилски фудбалер.
Леонардо го откри и клубот кој испратил официјална понуда за Кавани.
„Имавме понуда од Атлетико Мадрид. Немавме понуда толку колку што вреди играчот, но не сум сигурен дека Кавани ќе биде тука во февруари“.
“Ќе видиме што ќе се случи во наредните денови, но го слушаме Кавани затоа што го почитуваме.“ – додаде Леонардо.
Кавани пристигна во ПСЖ летото 2013. година за 65 милиони евра. Од тогаш одигра 293 натпревари и со 198 голови стана најдобар стрелец во клупската историја.