Уругвајскиот репрезентативец Едисон Кавани сака да го напушти Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок.
Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која е во очајна потрага по засилување во нападот, после пензионирањето на Агуеро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кавани е свесен дека неговиот статус во тимот нема да се промени ниту по доаѓањето на Ралф Рангник и сака да се пресели во Барселона.
Последните информации од шпанските медиуми се дека Барселона и Кавани се блиску до договор. Каталонците му понудиле договор до крајот на сезоната со кој би заработувал 3,5 милиони евра и 1 милион бонуси.
Се очекува во наредните денови Кавани да го раскине договорот со Јунајтед и да се пресели на „Камп Ноу“.