Дома Останати Кабиб: Го молев Бог да ме остави сам во кафезот со оној кловн!

Кабиб: Го молев Бог да ме остави сам во кафезот со оној кловн!

Непоразениот светски шампион во лесна категорија, Кабиб Нурмагомедов синоќа беше дочекан во Дагестан после големата победа над Мекгрегор.

Покрај што им се извини на своите фанови за нападот на тимот на Мекгрегор после борбата, Кабиб одржа и краток говор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Го молев Бог само за едно – да ме остави сам во кафез со онај кловн. Тоа го барав од него секој ден“, рече Кабиб во обраќањето пред своите фанови.

„Го молев да не бидеме повредени, да го завршиме мерењето и на крај да бидеме заклучени во кафез. Многу работи беа кажани надвор од кафезот, а јас реков дека не одговарам за своите постапки кога ќе се заклучат вратите од октагонот“.

„Во врска со она што се случи потоа… Некои велат дека сум погрешил, некои дека постапив правилно. Едноставно, не можете орел да го ограничите во кафез“, истакна Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…