Според информациите од Италија торински Јувентус му понудил размена на Лион.
Како што наведуваат италијанските медиуми Јувентус е спремен на францускиот тим да му го понуди Фредерико Бернардески за во замена да го добие Мемфис Депај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холанѓанецот веќе одреден период се поврзува со заминување од Лион, во игра беа Милан и Барселона, а сега се споменува и Јувентус како опција.
Во Торино наводно сериозно работат на доведување на Депај. Депај оваа сезона во 17 одиграни натпревари за Лион оствари учинок од осум голови и четири асистенции.
Од друга страна Бернардески одигра 15 натпревари и запиша една асистенција и не е на нивото на кое се очекуваше да биде.