Дома Македонски спорт И Пандев седна пред „Нестор ТВ“: Капитенот се отвори и откри непознати пикантерии од кариерата!

И Пандев седна пред „Нестор ТВ“: Капитенот се отвори и откри непознати пикантерии од кариерата!

Напаѓачот од македонската репрезентација, Илија Несторовски продолжи со својот серијал кој го нарече „Нестор ТВ“.

Откако вчера разговараше со заменик капитенот Стефан Ристовски, денес негов гостин беше капитенот Горан Пандев. Еве дел од нивниот разговор.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тука можете да го прочитате разговорот со Ристовски ако го пропуштивте вчера.

Почетоците на кариерата во Беласица и деновите во младинскиот тим на Интер со играчи како Роналдо и Виери…

ГОРАН: Дебитирав во Беласица на 16 години во втора лига. Со 17 играв во прва лига и на 18 ме продадоа во Интер. Бев во младинците на Интер и тогаш после 25 години тој тим на Интер ја освои Примавера. На тренинг во младинските категории на Интер секој четврток игравме тренинг натпревар со првиот тим. Тогаш во Интер беа Виери, Роналдо…

НЕСТОР: Кажи нешто за Роналдо?

ГОРАН: Што да се каже, играч од друга планета, најдобар според мене на сите времиња.

НЕСТОР: Периодот во Лацио и проблемите со Лотито?

ГОРАН: Имав уште една година од договорот и ми се нудеше нов договор. Претходните години јас го играв најдобриот фудбал според мене и чекав цело време нов договор и немаше ништо се до тогаш. Отидовме на припреми, таму Балардини ме викна ми кажа: Ти си важен играч, сакам да бидеш капитен, ама треба да го потпишеш новиот договорот. Му кажав дека ќе размислам, ми одговори дека треба веднаш да потпишам. Тука следуваа големи притисоци, не ме зема за Суперкупот. Добивав закани преку навивачиТЕ. Потоа започнавме да се тужиме.

Во последниот ден од преодниот рок Зенит ме бараше испрати понуда од 18 милиони евра. Лотито знаеш ли што им кажа: Пандев заврши кариера, нема да игра повеќе фудбал толку е.

Откако заврши се и судискиот процес, дошла понудата од Интер…

Кога менаџерот ми се јави и ми кажа те бара Мурињо јас бев во Струмица. Мислев се шегува. Мурињо ми кажа, ние се враќаме од Дубаи и те чекаме во Милано. Сакаш ли да бидеш дел од нашата фамилија, сакаш ли да освоиме се? Му кажав каде ќе играм јас ги има Ето, Балотели, Арнаутовиќ…кај ќе играм јас. На крајот се договоривме.

Само после четири дена поминати клубот Мурињо се решил да го стави во првиот состав.

Кога бев во хотелот ми се јави Мурињо и ме викна кај него во соба, ми кажа: Утре играш прва постава, кога ќе не можеше дигни рака ќе те сменам. Ми беше чудно затоа што шест месеци тренирав сам и не играв натпревари. Сите се чудеа зошто јас играв, но Мурињо е фантастичен човек застана зад мене ја превзема цела одговорност на крај победивме во тој натпревар и никој не требаше да се правда. Потоа тргна добро дојде дербито во кое дадов гол, Мурињо го прослави како да е негов гол…

Како Мурињо го убедил Ето да игра крило?

Беа сите во соблекувална, претседателот и директорот…Ова се случуваше пред Челзи и Мурињо пред сите вика: Ако Ето прифати да игра крило ние ќе ја освоиме Лигата на шампионите. И тука Ето немаше кај да оди и мораше да прифати. На крајот и ја освоивме Лигата на шампионите.

НЕСТОР: Кажи како е финалето во ЛШ?

Само мислиш финале, финале…Цела вечер не спиеш. Кога излегов на стадион не знаев кај се наоѓам. Така ти е првите пет минути, после натпревар како натпревар. После натпреварот јас и Цезар бевме на допинг контрола останавме до 2:30 часот.

НЕСТОР: Како се случи трансферот од Наполи во Галатасарај?

На крајот од сезоната во Наполи им кажав дека сакам да си одам ако има прилика. Цело лето немаше ништо конкретно. Дојде последниот ден од преодниот рок и се помирив, беше 31. август. Јас го фрлив телефонот, мислев готово е останувам и кога Игуаин вика од терасата Горан, Горан…, живееше до мене. Ми кажа дека ме бара Снајдер и сака да зборува со мене. Кога одам, го зeмам телефонот, навистина 20 пропушени од Снајдер и така се случи до крајот на денот да бидам во Инстанбул.

За репрезентацијата?

Јас сум долги години во репрезентација и ова сега што го имаме, другарството не било претходно. Ги давам сите трофеи за да се пласираме на Европско. Жално е што не игравме во март со душа го чекавме овој натпревар.

НЕСТОР: Јас мислам треба да се пласираме на Европското првенство и така да го завршиме на најдобар начин овој циклус.

Нестор го праша и за Кулушевски?

Лично не го знам, но како играч е топ, голем квалитет. Жално е што не избра да игра за нас, но тоа е. Кога игравме еден против друг дојде се поздравивме, зборуваше италијански, веројатно не знае ниту македонски. Со него ќе бевме уште посилни во средина.

Најдобар стадион на кој си играл?

„Сантијаго Бернабеу“.

Клуб кој игра најдобар фудбал?

Аталанта и Лацио во Италија, а општо Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милан спрема понуда за Арда Гулер

Милан е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, пренесуваат …