Дома Фудбал И ова не беше гол: Влаховиќ промаши зицер од два метри против Милан (ВИДЕО)

И ова не беше гол: Влаховиќ промаши зицер од два метри против Милан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус на гости го совладаа Милан со голот на Мануел Локатели за 1:0 во 63. минута.

По паузата поради повреда на теренот во дресот на „Старата дама“ се врати Душан Влаховиќ. Репрезентативецот на Србија го замени Кин во 56. минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Влаховиќ во два наврати можеше да се запише во листата на стрелците. Сепак, неговите удари ги одбрани одличниот голман на домашните Антонио Миранте. Влаховиќ најпрво имаше одличен обид со удар од 16 метри, но Јувентус извлече само корнер.

Во втората минута од судиското надополнување, Србинот не успеа да ја затресе мрежата на Милан ниту од два-три метри, кога реагираше на одбиената топка, но успеа само да го погоди искусниот голман.

Големото промашување на Влаховиќ можете да го погледнете во 07:50 минути од видеото во продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полицијата во Куманово уапсила навивач на Пелистер

Од СВР Куманово денеска соопштија дека еден навивач на Пелистер од Битола бил приведен пор…