Во натпреварите од 18-тото коло во терминот од 15:00 часот најголемото изненадување го приреди екипата на Аталанта која успеа да одигра 2:2 против шампионот Јувентус.
Алегри за овој натпревар одлучи да одмара некои од своите најважни фудбалери како што се Кристиано Роналдо и Миралем Пјаниќ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Натпреварот за Јувентус воопшто не започна лошо. Џимитси од Аталанта уште во втората минута ја погоди сопствената мрежа. Сепак, Аталнта преку Запата во 24-тата минута успеа да стигне до изедначување.
Во вториот дел започнаа проблемите за Јувентус. Бентакур после само осум минути игра во второто полувреме заработи втор жолт картон, а само три минути подоцна Запата постигна втор гол за целосен пресврт на домаќинот.
Алегри во 65-тата минута во игра го внесе Кристиано Роналдо на местото на Кедира.
Португалецот на десетина минути пред крајот успеа да ја погоди мрежата и да ги постави конечните 2:2. Ова беше 12-ти погодок на Роналдо во Серија А оваа сезона.
Останати резултати:
Болоња – Лацио 0:2
Каљари – Џенова 1:0
Фиорентина – Парма 0:1
Сампдорија – Киево 2:0