Дома Македонски спорт Иџе ќе стартува петти на трката во Чешка

Иџе ќе стартува петти на трката во Чешка

Игор Стефановски Иџе, последната трка сезонава во Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ), ќе стартува од петтата позиција.

Најбрзиот круг на Иџе изнесуваше 1:42.436 минути. Пред Македонецот трката на патеката Мост ќе ја започнат Унгарецот Норберт Наѓ кој ја освои пол позиција, односно Австриецот Кристјоханес Шрајбер, лидерот во вкупниот пласман Чехот Петр Фулин и Бугаринот Пламен Кралев.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Во пресрет на двете трки во Мост лидер во генералниот пласман е Фулин со 64 бодови, Наѓ е втор со 59, колку шти има и третопласираниот Наѓ, додека Иџе е на четвртото место со 55 бодови.

Првата трка утре се вози од 10:50 часот, а втората е на програмата во 12:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реми на фудбалерите до 19 години во Луксембург

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години учествува на квалификацискиот турнир…