Ињиго Мартинез денес и официјално се збогуваше со Атлетик Билбао.
Договорот на 30-годишниот стопер истекува на 30-тијуни и тој одлучи да не ја прифати понудата за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес тој се прости од навивачите, а од претходно е најавено дека најверојатно Барселона ќе биде негова следна дестинација. Сепак, мора да почека Барселона да ја реши финансиската ситуација за да може да го регистрира неговиот договор.
Со Барселона ќе потпише договор до 2025 година и би требало да заработува 4.5 милиони евра по сезона.
Eskerrik asko, athleticzales.
— Iñigo Martinez (@InigoMartinez) June 6, 2023
Gracias, afición. ❤️🦁 pic.twitter.com/OIwFRSONvP