Роберто Манчини не се раздели на најдобар начин со италијанската репрезентација, а сега Претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина најавил туќжба.
Ќе потсетиме, Манчини даде отказ од кормилото на Италија, а набрзо потоа седна на селекторското столче на селекцијата на Саудиска Арабија. Сега, на извршниот комитет на федерацијата, Гравина ја најавил можната тужба за Манчини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Федерацијата веќе ангажирала адвокати кои ќе бараат компезација за раскинот на договорот. Манчини како селектор на Саудиска Арабија сега заработува 25 милиони евра годишно.
Во јавноста Манчини тврдеше дека не заминал поради Саудиска Арабија и дека понудата не постоела кога тој си дал отказ од кормилото на „Аѕурите“, сепак во Италија не веруваат во таков развој на настаните и се убедени дека изненадувачкиот отказ е само поради Саудијците.