Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора е песимист за ре-стартот на Серија А и сериозно размислува да се примени принципот на Франција.
Франција вчера и официјално ја затвори сезоната и забрани спортски настани и активности до септември, а Италија исто така размислува да стави крај на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Им препорачувам на претседателите на клубовите веќе да размислуваат за следната сезона. Многу е подобро да размислуваме како да ја започнеме следната сезона безопасно. Француското првенство нема да биде последното кое ќе биде прекинато. Како министер би бил глупак да не сакам да продолжи Серија А, фудбалот носи пари во целиот систем, но ситуацијата е таква“, изјави министерот.
На ваквата изјава жестоко се спротиставија фудбалските клубови, а Адриано Галиани изјави дека тоа ќе биде „смрт“ за Серија А.
„Доколку Премиер лигата, Бундеслигата и Примера продолжат, а ние не, тоа ќе биде смрт за Серија А. Нашата лига повеќе нема да биде конкурентна во Европа“, тврди Галиани.