Дома Фудбал Италија Италијанците со специјална најава на македонскиот дуел: Принцот против кралот! (ФОТО)

Италијанците со специјална најава на македонскиот дуел: Принцот против кралот! (ФОТО)

Утревечер во рамките од Серија А ќе се сретнат Џенова и Наполи, а тој натпревар за македонската јавност привлекува посебно внимание затоа што на едната страна ќе биде Горан Пандев, а на другата Елиф Елмас.

И во Италија дуелот на Пандев и Елмас доби посебна најава и тоа од реномираниот „Калчомеркато“. Италијанците на Пандев и Елмас гледаат како на „крал“ и на „принц“, Пандев е вистинска легенда на Калчото со 18 сезони зад себе, додека Елмас очекуваат и посакуваат да биде негов наследник.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Учителнот против ученикот: Пандев против Елмас!

“Во спортот во минатот сме виделе многу дуели на шампиони и потенцијални нивни наследници. Во сабота навечер ќе има еден таков дуел на „Сан Паоло“ каде што Наполи ќе игра против Џенова. Најсилниот играч во Калчото од малата балканска држава против играч кој има потенцијал да ја превземе лидерската улога“.

„Тијаго Мота ќе биде без Куаме кој има репрезентативни обврски, па ќе се потрпе на класата на Горан Пандев. На другата страна Елмас може да биде изненадувањето на Карло Анчелоти во моментите кога во Наполи владее голема криза“.

„Во Македонија немаат дилеми и младиот фудбалер веќе го нарекуваат наследник на Горан, истиот Горан кој во Неапол испиша убави страници. Елмас беше скапа инвенстција, но и Пандев го поддржа во тој трансфер, па сега против својот учител ќе треба да се покаже на теренот“, стои помеѓу другото во текстот на „Калчомеркато“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…