Според последните информации во трката за Мемфис Депај се вклучиле италијански клубови Јувентус и Милан.
Капитенот на Лион им е прималива опција затоа што неговиот договор со францускиот прволигаш истекува на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона минатото лето со сите сили се обидуваше да го доведе Холанѓанецот, но Лион не попушташе и бараше сума од 30 милиони евра. Медиумите тврдат дека Каталонците сега излегле од трката за неговиот потпис, бидејќи имаат поинакви планови.
Милан и Јувентус се во потрага по квалитетен напаѓач и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Италијанските медиуми пренесуваат дека големи се шансите Депај од следната сезона да игра во Серија А.