На италијанските фудбалски терени во овој момент расизмот е повеќе застапен од другите посилни лиги во Европа и тоа навистина може да претставува голем проблем.
Од коло во коло во Италија се случуваат различни скандали. Грубоста на италијанските навивачи и однесување кое не доликува на човек кој оди на стадион на своја кожа го почуствуваа фудбалери како Кевин Принс Боатенг, Калид Кулибали, Марио Балотели…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од скандалите кој крена поголема прашина беше оној пред месец ипол помеѓу Каљари и Јувентус.
Тој натпревар се одигра на 2-ри април и Јувентус го доби со победа од 0:2 на гостински терен. Моисе Кин беше стрелец на еден од головите. Кин тогаш одлучи голот да го прослави со застанување и раширување на рацете пред противничките навивачи кои во текот на целиот натпревар му испраќаа разни навреди.
Тогаш голема прашина се крена со изјавата на Леонардо Бонучи кој место да го брани својот соиграч порача дека вина имал и младиот фудбалер, подоцна тој се правдаше дека неговата изјава не бил сфатена како што тој сакал да се изрази.
Она што сигурно сега ќе крене прашина е одлуката на италијанскиот фудбалски сојуз.
Имено, во сојузот одлучиле дека немало причина Каљари да биде санкциониран за она што го правеа нивните навивачи.
„Дури и навредите да беа од тежок карактер, тоа не влијаеше на натпреварот. Донесена е одлука да нема казнени мерки против Каљари“, стои во сопштението на италијанскиот сојуз.
Оваа навивачите на друштвените мрежи на големо започнаа да ја нарекуваат и скандалозна.