Дома Фудбал Италија Италијанската федерација нема да ги казнува Интер, Милан и Јувентус

Италијанската федерација нема да ги казнува Интер, Милан и Јувентус

Интер, Милан и Јувентус нема да бидат казнето од Италијанската федерација за одлуката да се приклучат во Суперлигата. Тоа денес го потврди претседателот на федерацијата, Габриеле Гравина.

Трите најголеми италијански клуба беа меѓу 12-те клуба кои ја формираа Суперлигата, која пак се распадна само 48 часа подоцна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нема како да ги казнеме за идеја која не се реализирала. Не планирам да имам средба со раководствата на овие три клуба. Не очекувате да водиме процес и да изречеме казни за Милан, Интер и Јувентус. Меѓутоа, нивното делување е предупредување за нас дека нешто во системот не е како што треба“, изјави Гравина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се намалија опциите: Роналдо во еден клуб сигурно нема да се пресели

Кристијано Роналдо, преку својот неодамнешен протест во клубот Ал-Наср, предизвика многу г…