ФС Италија ја заврши истрагата против Залтан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку која беше започната после инцидентот во Купот на Италија.
Ибрахимовиќ и Лукаку ги дознаа пресудите, а клубовите можат да воздивнат затоа што нема да добијат суспензии.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Скај Спорт“ пренесува дека двајцата напаѓачи се обвинети за неспортско однесување поради што ги очекува парична казна како што и наложува правилникот.
На крајот Ибрахимовиќ не е обвинет за расизам иако постоеше можност и на тоа инсистираше Лукаку.
Кога се во прашање клубовите, Милан и Интер се обвинети да сносат објективна одговорност за однесувањето на играчите.