Дома Фудбал Репрезентации Историја на СП во Катар: Ќе судат шест жени

Историја на СП во Катар: Ќе судат шест жени

Светското првенство во Катар кое започнува точно за една недела, нема да биде уникатно само поради периодот во годината во кој се одржува туку поради фактот што за првпат судии на натпреварите ќе бидат и жени.

Помеѓу повиканата експедиција судии за првпат има и жени и тоа шест. Стефани Фрапар од Франција, Салима Мукасанга од Рунада и Јошими Јамашита од Јапонија се главни судии, додека крај аут линијата ќе бидат Неуза Бак од Бразил, Карен Дијаз Медина од Мексико и Кетрин Незбит од САД.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Најпозната е секако Стефани Фрапар, таа веќе стана прва жена која судеше во Лига 1 во 2019 година, потоа делеше правда на СП за жени, судеше на Суперкупот на УЕФА меѓу Челси и Ливерпул во 2019, а пред две години ја имаше честа да биде првата жена судијка во натпревар од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сари: Модриќ во Милан? Мислам дека ПСЖ ни одржа лекција на сите

Лука Модриќ наскоро ќе ги одигра последните натпревари за Реал Мадрид на Светското клупско…