Буфон заминува од Јувентус на крајот на сезоната, а сега во медиумите се појави голманскиот дрес кој по подолго време нема да биде наменет легендарниот голман.
Прв голман на Јувентус од наредната сезона се очекува да биде Војчех Шчесни, иако „старата дама“ се поврзуваше и со Матија Перин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По објавувањето на сликата од голманскиот дрес во Италија започнаа да се шегуваат дека дресот наликува на оној кој сега го носи Донарума во Милан и дека тоа е знак дека имаат намера да тргнат по неговиот потпис.
Како и да е Буфон од навивачите ќе се прости на прославата на титулата во последното коло против Верона. Не е ништо официјално потврдено, но се појасно станува дека одлуката која ја соопшти пред почетокот на оваа сезона нема да биде промената.