Ферари ја менува бојата од црвена во светло сина на Големата награда на Мајами
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Специјално за Големата награда на Мајами, болидите на Ферари кои ги возат Чарлс Леклер и Карлос Саинц ќе ја сменат бојата.
Причината е да се оддаде почит на историјата на „Скудерија“ (тимот на Ферари во Ф1), бидејќи сината боја веќе се користеше во минатото пред воведувањето на црвената која стана позната низ целиот свет.
На патеката во Мајами ќе има две нијанси на светло сина под имињата „Плата“ и „Дино“, што се однесува на луѓе и настани од минатото.
Нијансата „Плата“ се поврзува со Алберто Аскари, кој таа боја ја поврза со бојата на аргентинското знаме, што донесе среќа и нему и на тимот, бидејќи стана светски шампион во 1952 и 1953 година, возејќи трки во светло сини болиди.
Другата, нешто потемна нијанса, наречена „Дино“ се користеше за униформите на неколку возачи, меѓу кои и Клеј Рагазони и Ники Лауда, кои заедно се искачија на подиумот на Холандското ГП во 1974 година.