Дома Фудбал Останато Искрена изјава како ретко кој: Што ако не играв? Зошто би „фрлил“ 15 милиони евра?

Искрена изјава како ретко кој: Што ако не играв? Зошто би „фрлил“ 15 милиони евра?

Големите клубови ширум светот трошат милиони за со богати договори да ги привлечат посакуваните фудбалери, а тоа некогаш знае да им се покаже и како погрешен потег.

Сумите кои се плаќаат се од година во година се се поголеми и поради тоа некои играчи немаат ништо против да седат во клубот иако не се во плановите на тренерите. Ретки се оние кои се бунат во таква ситуација и одлучуваат да се откажат од милионските договори.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сега како ретко кој поранешниот холандски фудбалер Винстон Боград искрено зборуваше за таква ситуација во која се најде во Челзи. Него не му паѓало на памет да го напушти клубот и како што самиот кажува да „фрли“ 15 милиони евра.

„Зошто да „фрлам“ 15 милиони евра кога тие пари се веќе мои? Кога го потпишав договор веќе ги заработив тие пари, зошто да се откажам од нив? Целиот свет се врти околу парите. Ако ви понудат милиони нормално ќе ги земете. Не може секој да заработи толку пари, јас бев еден од тие среќници. Може и да ме сметаат за најлош трансфер во Премиер лигата воопшто не ми е гајле“, изјави Боград.

Од фудбалот тој се повлече во 2005 година. После напуштањето на Челзи не пронајде друг клуб, а во кариерата играше уште за Барселона, Милан и Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…