Дома Топ вести Иско донесе конечна одлука: Еве каде ќе ја продолжи кариерата!

Иско донесе конечна одлука: Еве каде ќе ја продолжи кариерата!

Долго време се шпекулираше со иднината на Иско, а сега конечно дојде крај на сагата. Шпанскиот репрезентативец ќе потпише нов договор и ќе се обврзи на верност со Реал Мадрид до 2022 година, пренесува „Марка“.

Сегашниот договор на Иско истекува во 2018 година, а со новиот договор тој ќе заработува двојно поголема плата, односно 6 милиони евра по сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така Иско ќе биде во кругот на најплатени фудбалери на „Сантиаго Бернабеу“, а пред него според примањата ќе бидат најголемите ѕвезди на тимот Роналдо, Бејл, Бензема, Модриќ, Крос и Серхио Рамос.

На овој начин завршена „сапуницата“ околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а медиумите на големо пишуваа дека може да направи сензационален трансфер во Барселона.
Иско оваа сезона за „кралскиот“ клуб одигра 35 натпревари, но повеќето од нив ги започна од клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…