Дома Видео Инцидент во Ла Паз, Меси во центарот на вниманието ?

Инцидент во Ла Паз, Меси во центарот на вниманието ?

Аргентина синоќа во Ла Паз славеше против Боливија со 2:1 и така со две победи ги отвори квалификациите за СП во Катар 2022. година.

Аргентинците славеа после пресврт со погодоците на Лаутаро Мартинез и Коре, а после крајот на натпреварот настана инцидент.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Настана голема гужва, во центарот на вниманието беше Меси, кој имаше што да каже на капитенот на домашната селекција Морено.

Меси во текот на натпреварот трпеше разни провокации, па на крајот одлучи да се пресмета со членовите на репрезентацијата на Боливија. Имаше пцуење и навреди на сите страни, ништо необично за јужноамериканското фудбалско поднебје.

После неколку минути жестока расправија, тензијата се смири, Меси и друштвото го прославија триумфот до кој тешко дојдоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…