Дома Фудбал Скандал: Цело фудбалско првенство прекинато поради местење натпревари!

Скандал: Цело фудбалско првенство прекинато поради местење натпревари!

По неполни 25 кола цело фудбалско првенство во Боливија е прекинато поради сомневање за наместени натпревари.

Овие информации ги објави претседателот на фудбалскиот сојуз, Фернандо Коста кој на конференцијата за медиумите зборуваше транспарентно.

„Донесена е одлука да се прекине двокружното натпреварување во првенството националниот куп. Постојат сериозни индикации дека има повеќе режирани натпревари во двете натпреварувања“, објави Коста.

Засега не е познато што ќе се случува понатаму, појасна слика би требало да има по средбата на претставниците на федерацијата со 17 претставници на клубовите и делегатите на деветте регионални сојузи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…