Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Инфантино: Најдобриот Мундијал во историјата!

Инфантино: Најдобриот Мундијал во историјата!

infantino

Дали светското првенство организирано во Русија е најдоброто во историјата?

Така тврди актуелниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација, ФИФА, Џани Инфантино.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


„Пред неколку години кажав дека ова ќе биде најдобриот Мундијал во историјата. Денес тоа можам и да го потврдам…Ова е најдобриот Мундијал во историјата. За тоа пред се би сакал да се заблагодарам на сите кои учествуваа во организацијата на Светското првенство“, изјави

Инфантино на конференцијата за медиуми во Москва.

Првиот човек на ФИФА истакна посебна благодарност до претседателот на Русија, Владимир Путин и рускиот народ.

„Голема благодарност до Владата на Русија, претседателот Путин, организацискиот одбор, Фудбалскиот сојуз на Русија, рускиот народ и сите волонтери кои беа сигурни дека ова Светско првенство ќе биде најдоброто“, порача Инфантино.

На Светското првенство Русија преостануваат само уште два натпревари натпреварот за трето место (сабота 16:00 часот) и финалето (недела 17:00 часот).

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Скандал: Англиски навивач снимен као се дpoгира на стадион?! 🎥

Шокантна снима од англиски навивач на трибините во вчерашниот натпревар против Словачка се…