Дома Фудбал Репрезентации Mилионите повторно победија: Саудиска Арабија ќе организира Светско првенство

Mилионите повторно победија: Саудиска Арабија ќе организира Светско првенство

Иако вторникот беше последниот ден за поднесување писма со намери до Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за организација на светските првенства во 2030 и 2034 година, веќе пристигнуваат најави дека Светското првенство во 2034 година ќе се игра во Саудиска Арабија.

Постапката е таква што прво се поднесуваат писма за намери, па следува период во кој заинтересираните федерации поднесуваат официјална кандидатура, па потоа се гласа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Што се однесува до Светското првенство во 2030 година, потврден е интересот на Мароко, Португалија и Шпанија да бидат домаќини, заедно со Уругвај, Аргентина и Парагвај.

За Светското првенство во 2034 година, Фудбалската федерација на Саудиска Арабија достави писмо со намери.

Но, ако се занемари фактот дека само Саудиска Арабија пројави интерес за СП 2034, процедурата ќе треба да се почитува. Иако се чини дека не мора, бидејќи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино веќе најави дека Саудијците ќе бидат домаќини.

Додека живееме во сè поделен и агресивен свет, уште еднаш покажуваме дека фудбалот, водечкиот глобален спорт, обединува како ништо друго. На сите ни се потребни овие прилики на единство и претстојните Светски првенства на ФИФА даваат единствена сила за добро во овој поглед – стои во дел од објавата на Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…