Дома Фудбал Останато Инфантино за Суперлигата: Одлуката на судот не менува ништо

Инфантино за Суперлигата: Одлуката на судот не менува ништо

Претседателот на Светската фудбалска организација (ФИФА), Џани Инфантино изјави дека одлуката на Европскиот суд на правдата во корист на Суперлигата нема да промени ништо. Тој рече дека ФИФА ќе продолжи да работи на развојот на фудбалот.

Со најголема почит кон Европскиот суд на правдата, денешната пресуда не менува ништо. Историски гледано, ги организиравме најдобрите натпреварувања во светот и ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина. Ќе продолжиме да ги организираме најспектакуларните, конкурентни и значајни натпреварувања во светот и ќе ги искористиме нашите приходи за да го развиеме фудбалот на секој агол на планетата преку програми за солидарност кои на помалку привилегираните им обезбедуваат придобивки од овие натпревари на високо ниво – истакна Инфантино и додаде:


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 ФИФА ќе продолжи да го прави тоа, како и секогаш, во тесна соработка со нашите асоцијации членки, конфедерации и сите фудбалски чинители, за ексклузивна корист на нашата игра – рече Инфантино.

Претходно денеска претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека не е загрижен од одлуката на судот.

Една по друга доаѓаа официјалните реакции на клубовите дека не ја прифаќаат Суперлигата од Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Селтик, Севиља, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад, Виљареал, Баерн, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Монако, Интер, Рома, Феенорд и Црвена звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …