Дома Фудбал Италија Интер спреми нов договор за капитенот

Интер спреми нов договор за капитенот

Голманот и капитен на Интер, Самир Хандановиќ наскоро ќе стави потпис на нов договор со „нероаѕурите“, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на Хандановиќ истекува во 2021 година, а двете страни веќе постигнале договор за продолжување на соработката до 2024 година.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Тоа значи дека Словенецот најверојатно кариерата ќе ја заврши во Интер бидејќи кога ќе му истече новиот договор ќе има 38 години.

Антонио Конте има целосна доверба во Хандановиќ, но во летниот преоден рок ќе бара голман кој ќе може во иднина да го наследни Словенецот. Интер е заинтересирани за Муса од Удинезе и Раду од Парма.

Хандановиќ во 2012 година за сума од 12 милиони евра пристигна во Интер и од тогаш е незаменлив дел од нероаѕурите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона се подготвува за „пазарење“ – познато која позиција ќе ја засили со врвен фудбалер

Раководството на Барселона веќе ги започна подготовките за летниот преоден рок, а една од …