Како што пренесуваат италијанските медиуми милански Интер е блиску до комплетирање на трансферот на крилниот напаѓач на ПСВ, Стивен Бергвајн.
Бергвајн оваа сезона игра фантастично во дресот на ПСВ и го привлече вниманието на многу европски гиганти, чии скаути веќе подолго време го следат крилниот напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
21-годишниот Бергвајн е вистинска сензација во холандското првенство и оваа сезона на 28 меча постигна 12 гола и запиша 12 асистенции.
Покрај Интер интерес за Бергвајн покажуваат уште Барселона, Тотенхем и Ливерпул, но последните информации говорат дека „нероаѕурите“ ја победиле конкуренцијата и веќе постигнале договор со неговиот агент.
ПСВ за неговиот потпис бара 30 милиони евра, а Интер ќе се обиде преку преговори да ја намали цената и да го комплетира трансферот за 25 милиони евра.
Холандскиот репрезентативец на „Џузепе Меаца“ треба да пристигне како замена за Иван Перишиќ, кој на лето готово сигурно ќе го напушти Интер.