Англиските медиуми пренесуваат дека Жоржињо Вајналдум дефинитивно ќе го напушти Ливерпил на крајот на сезоната.
Актуелниот договор на Вајналдум истекува на крајот на сезона, па 30-годишниот Холанѓанец на лето ќе го напушти клубот како слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За него интерес покажуваат Барселона и ПСЖ, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Интер.
Интер веќе започнал преговори со агентот на Холанѓанецот и му нуди договор до 2024 година.
Конте верува дека Вајналдум идеално ќе се вклупи во неговата формација, а клубот е спремен да го продаде Ериксен за да финансира неговата плата.