Дома Топ вести Интер сака уште двајца играчи на Манчестер Јунајтед

Интер сака уште двајца играчи на Манчестер Јунајтед

Интер оваа сезона донесе тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед, но не престанува да работи на нови засилувања од „Олд Трафорд“.

После Лукаку, Санчез и Ешли Јанг, сега „нероаѕурите“ се силно заинтереситрани за двајца таленти  на „црвените ѓаволи“, а станува збор за Чарли Веланс и Џејмс Гарнер.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Скаутите на Интер веќе подолго време ги следат настапите на двајцата таленти на школата на Јунајтед и се многу задоволни од нивните квалитети.

Веланс има 17 години, а Ганер 18 години и двајцата важат за едни од најголемите таленти во академијата на Манчестер Јунајтед. Поради тоа „црвените ѓаволи“ сметаат дека двајцата имаат иднина во клубот и сакаат да ги задржат со нови долгорочни договори.

Меѓутоа, Интер веќе работи на нивните трансфери и е во постојан контакт со нивните агенти, а англиските медиуми тврдат дека големи се шансите двајцата да се преселат во Милано на лето.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Проблеми во Париз: Дембеле исфрлен од тимот на ПСЖ?!

Според последните информации кои пристигнуваат од Франција, Усман Дембеле бил отстранет од…