Иднината на Лоренцо Инсиње и понатаму е нејасна, откако одби да го продолжи договорот со Наполи.
Договорот на Инсиње со Наполи истекува во јуни 2022 година, а според „Газета дело Спорт“ Наполи е спремен да го продаде до крајот на преодниот рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што се наведува малку е веројатно дека Инсиње ќе го продолжи договорот затоа што сака да му се зголеми платата од моменталните пет милиони евра колку што ги заработува.
Интер внимателно ја следи ситуацијата и посакува Инсиње да остане во Наполи, па е спремен во јануари да започне преговори за да го донесе Италијанецот без обештетување.
Минатата недела Наполи ја прифати понудата од Зенит, но Инсиње одби да се пресели во Русија.
#Insigne e Napoli non si parlano: torna il gelo dopo la vittoria col Venezia https://t.co/mRPPZxb50p
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) August 24, 2021