Дома Фудбал Италија Интер „пречкрта“ тројца фудбалери платени 96 милиони евра!

Интер „пречкрта“ тројца фудбалери платени 96 милиони евра!

Доцна синоќа тренерот на Интер, Лучијано Спалети ја објави листата на играчи кои ќе бидат пријавени за групната фаза од Лигата на шампиони.

Според правилата на Финансискиот фер-плеј, Интер беше принуден да изостави тројца фудбалери чија ведност е над 20 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спалети се одлучи тоа да бидат Роберто Гаглиардини, Далберт и Жоао Марио, за чии ангажман „нероаѕурите“ своевремено платија 96 милиони евра.

Жоао Марио беше платен од Интер 40 милиони евра, а во летниот преоден рок раководството направи се што беше во нивна моќ за да го продаде. За Далберт „нероаѕуроте“ минатото лето платија 28 милиони евра на Ница, но Бразилецот се покажа како промашување.

Можеби најголемо изненадување е исфрлањето на Роберто Гаглиардини кој беше платен 28 милиони евра на Аталанта. Италијанецот е играч од средниот ред, каде Спалети има „најтенок“ избор во моментов.

Така Интер на трибините во ЛШ ќе има фудбалери платени 96 милиони евра, што покажува дека „нероаѕурите“ не работеле добро на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…