Продолжува сагата околу трансферот на Ромелу Лукаку, откако Манчестер Јунајтед ја одби и последната понуда од „нероаѕурите“.
Интер не крие дека го сака Лукаку во своите редови, а и самиот напаѓач преку својот агент порача дека сака трансфер во Милано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, проблем е Манчестер Јунајтед, кој е спремен да го пушти Белгиецот, но не за сума помала од 75 милиони евра.
„Скај Италија“ информира дека Интер доставил понуда тешка 70 милиони евра. „Нероаѕурите“ понудиле 10 милиони евра за двегодишна позајмица и задолжителен откуп за 60 милиони евра.
Италијанскиот клуб има проблем со Финансискиот фер-плеј, па со ваквата формула сака да го плаќа играчот на повеќе години, меѓутоа Јунајтед експресно ја одбил понудата.
Лукаку е примарна цел на тренерот Антонио Конте, па преговорите помеѓу двата клуба сигурно ќе продолжат и во следните денови.
https://youtu.be/YmIQC1Kldo0