Дома Фудбал Италија Интер објасни зошто одбил да игра во понеделник

Интер објасни зошто одбил да игра во понеделник

Продолжува војната помеѓу Серија А и Интер,

Интер гласно критикуваше откако Серија А го одложи нивниот натпревар со Јувентус и го премести за на 13. мај. Одлуката тој натпревар да се одигра на таа дата Интер го доведе во ситуација во последните три натпревари во сезоната да игра против Аталанта, Јувентус и Наполи.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Серија А на критиките им одговори така што им порача дека имале понуда да играат во понеделеник (денес), но тие ја одбиле.

Интер денес објасни зошто не можеле да прифатат да играат денес.

„Во петокот вечерта добивме неформален предлог од извршниот директор на Серија А да играме во понеделник навечер. Овој предлог, ние не го разгледавме затоа што го сметавме за непрактичен и провокативен. Предлогот го сметавме за неприфатлив поради три причини“.

„Прво, каква е логиката во недела да се игра зад затворени врати, а во понеделник со публика. Ќе исчезне ли вирусот за 24 часа?“.

„Второ, на стадионот ќе имаше само навивачи на Јувентус, на нашите навивачи немаше да им биде дозволен влез и тоа е неприфатлив дисбалнс“.

„Трето, ќе требаше да се помести и натпреварот помеѓу Јувентус и Милан во купот и да се презакаже за во четврток, истиот ден кога Интер игра со Наполи. Тоа може да направи проблем со Раи кој има право за пренос на натпреварите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблем за Аргентинците: Меси се пожали на повреда

Репрезентацијата на Аргентина го победи Чиле со минимални 1:0 и така се пласираше во нокау…