Дома Фудбал Италија Интер не дозволи изненадување, Лаутаро и Барела обезбедија победа со Салернитана

Интер не дозволи изненадување, Лаутаро и Барела обезбедија победа со Салернитана

Во рамките од 10. коло во Серија А, Интер во терминот од 12:30 часот беше домаќин на Салернитана и „нероаѕурите“ ја оправдаа фаворитската улога.

После неполни 15 минути игра Интер стигна до предност и тоа преку Лаутаро Мартинез кој со еден одличен удар надвор од шеснаестникот го матираше гостинскиот голман. Продолжуваше Интер да напаѓа и да доминира, но и Салернитана знаеше да се закани на моменти. Голот на Лаутаро беше и единствениот кој го видовме во првото полувреме.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


До нов гол се чекаше до 58. минута кога Барела го пронајде патот до мрежата за 2:0. Резултат кој се покажа и како конечен на натпреварот. Салернитана до крајот не успеа посериозно да се закани и да го загрози голот на домаќините.

Со овој триумф Интер доаѓа до 18 бода на седмата позиција, два бода помалку од Јувентус кој е едно место подоле. Лидер на табелата е Аталанта со 24 освоени бодови, Наполи (23) може да се врати на првата позиција ако денес слави против Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англичаните обезбедија пет места во Лигата на шампионите – a можно e дури и седум претставници!

Премиер лигата и официјално потврди: Англија ќе има најмалку пет клуба во новиот формат на…