Дома Топ вести Интер – Икарди последен чин: „Нероаѕурите“ испратија понуда, се чека одговор од Аргентинецот!

Интер – Икарди последен чин: „Нероаѕурите“ испратија понуда, се чека одговор од Аргентинецот!

Раководството на Интер е спремно да го продолжи договорот со Мауро Икарди и веќе спреми понуда.

Аргентинскиот напаѓач кој остана без капитенската лента, а се наоѓа во лоши односи со навивачите и дел од соиграчите, сепак може да остане на „Џузепе Меаца“, под услов да ја прифати понудата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денешното издание на „Кориере дело Спорт“ вели дека понудата е доставена и Мауро Икарди на маса има четиригодишен договор со плата од 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси. Весникот напоменува дека бонусите се поврзани со целите на тимот, а не со индивидуалните постигнувања на Аргентинецот.

Сепак, ваквата понуда не го задоволува барањата на Икарди и неговиот менаџер Ванда Нара, кои бараат плата од 9 милиони евра по сезона, плус бонуси поврзани со бројот на голови кои ќе ги постигне.

Доколку двате страни не успеат да најдат заеднички јазик, неизбежна е разделбата по крајот на сезоната, па Интер работи и на ова сценарио и има идентификувано двајца напаѓачи како потенцијална замена.

Според некои информации како фаворити на листата за потенцијален наследник на Икарди во овој момент највисоко конкурираат Лука Јовиќ кој за Франкфурт веќе постигна 20 голови и босанскиот напаѓач од редовите на Рома, Един Џеко.

„Нероаѕурите“ минатата недела на големо изненадување решија да му ја одземат капитенската лента, а директорот Марота не ја објасни причината за таквиот потег само истакна дека тоа е „за доброто на тимот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…