Дома Фудбал Италија Интер за отказот на Спалети ќе треба да му плати вистинско богатство

Интер за отказот на Спалети ќе треба да му плати вистинско богатство

Често пати промената на тренерската клупа клубовите скапо ја плаќаат.

Изгледа дека на големите клубови не им е тешко да исплатат огромни суми откако ќе им дадат отказ на своите тренери.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Интер е еден од нив. „Нероаѕурите“ ќе го отпушатат Спалети иако тој им обезбеди настап во Лигата на шампионите, нешто што беше цел пред почетокот на сезоната. Интер ќе го отушти Спалети, но ќе мора неговиот договор да го исплати до последен цент.

Италијанските медиуми откриваат дека Спалети од отказот во Интер ќе заработи 25 милиони евра.

Конте исто така нема да биде малку платен, а денес се појави и вест за тоа кога тој ќе биде официјално претставен и промовиран за тренер на Интер.

Според информациите Интер во среда официјално ќе објави дека Конте ќе биде новиот тренер, а веќе во четврток ќе следи негово претставување пред медиумите.

Најавите се дека Конте во Интер ќе заработува 12 милиони евра по сезона

Ќе биде интересно да се види како Конте ќе се снајде во Интер откако претходно во Италија имаше голем успех како тренер на Јувентус кој е најголем ривал на „нероаѕуирите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…