Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е блиску до првото големо засилување за следната сезона.




Станува збор за дефанзивецот на Борусија Мехенгладбах, Матијас Гинер, кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Директорот на „нероаѕурите“ Бепе Марота е познат како мајстор за „ловење“ слободни агенти, па веќе постигнал договор со Германецот.




Гинтер имал и понуди од други европски клубови, но наводно ги одбил и ја прифатил понудата на „нероаѕурите“.




28-годишниот германски репрезентативец може да игра на сите позиции во одбраната, па поради тоа Инзаги го посакува во своите редови.