Мауро Икарди после повеќе од еден месец им се врати на тренизите и започна да тренира со остатокот од тимот.
На Икарди најпрво му беше одземена капитенската лента, а причините за тоа клубот официјално се уште не ги соопшти. Од тогаш Аргентинецот одби да игра под изговор дека е повреден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако лекарските прегледи утврдија дека Икарди не ја зборува вистината и дека е спремен за игра, сепак аргентинскиот напаѓач одбиваше да тренира со остатокот од тимот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека и покрај фактот што Икарди се враќа во тимот, сепак неговите денови во Интер се изброени и на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти клубот.
Раководството на „нероаѕурите“ веќе ја започна потрагата по негова замена, а шпанските медиуми тврдат дека прва желба е напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено.
Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 120 милиони евра, но Валенсија е отворена за преговори, па трансферот би можел да се реализира за сума од 50 милиони евра.
Интерес за Родриго минатото лето покажуваа Реал Мадрид и Барселона, но Интер е спремен да ја победи конкуренцијата.