Лоренцо Инсиње како и што беше најавено по завршената сезона во Серија А се пресели во МЛС лигата во редовите на Торонто.
Италијанецот имаше понуди од други европски клубови, но одлучи да се испроба во Америка каде што стана најскапо платен играч во историјата на МЛС лигата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Торонто Инсиње ќе заработува 8.5 милиони долари нагодишно ниво и ќе биде најплатениот играч во историјата на оваа лига.
„Можев да останам во Европа, имам 31 година и ми преостануваат уште години играње фудбал. Не ги избрав парите, ја избрав среќата и благосостојбата на моето семејство. Затоа сум тука, мојот избор е среќата на семејството“, порача Инсиње.