Иднината на Лоренцо Инсиње и понатаму е нејасна, откако одби да го продолжи договорот со Наполи.
Договорот на Инсиње со Наполи истекува во јуни 2022 година, а според „Газета дело Спорт“ двете страни се далеку од продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што се наведува малку е веројатно дека Инсиње ќе го продолжи договорот затоа што сака да му се зголеми платата од моменталните пет милиони евра, па сигурно ќе замине без обештетување на крајот на сезоната.
Инсиње во последните недели се поврзуваше со неколку италијански клубови, но медиумите тврдат дека најконкретен е интересот на Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ се спремни да му понудат 6,5 милиони евра по сезона доколку пристигне без пари, па можно е уште во јануари Инсиње да потпише преддоговор со Атлетико.