Eлиф Елмас има одличен старт на својата авантура во Неапол.
Македонскиот фудбалер за викендот во натпреварот против Сампдорија одигра натпревар за највисоки оценки, дел од италијанските медиуми го прогласија и за играч на натпреварот иако Мертенс ги постигна двата гола во победата од 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тој не е обично засилување има се зада биде големо засилување. Елмас го освојува Неапол уште сега, а има само 20 години. Анчелоти знаеше каков играч е и затоа притискаше клубот да му го доведе. Големо браво и за него и за Елмас. Наполи има модерен фудбалер кој може се на средината од теренот“, напиша познатиот италијански новинар и трансфер експерт Алфредо Педула.
„Сигурна победа на Наполи кај Сампдорија. Мертенс постигна два гола и обезбеди триумф, но тој не беше најдобар на теренот. Тој епитет од мене оди за Елиф Елмас. Има 20 години и фантастични предисопозиции“, гласеше коментарот на Енрико Вариале кој работи во државната телевизија „РАИ“.
Сега Елмас доби и големи пофалви од својот соиграч во Наполи, напаѓачот Лоренцо Инсиње.
Инсиње искрено си призна дека не знаел кој е Елмас кога доаѓал, но сега е импресиониран од она што го видел од нашиот ас на тренинзите и натпреварите.
„Немав поим кој е Елмас кога доаѓаше. Не знаев ништо за него. Меѓутоа кога видов на тренинзите и натпреварите ме импресионираше. Тој е толку млад, а игра зрело и искусно, има големи квалитети. Одлично е што го имаме во тимот“, порача Инсиње.