На вчерашен ден пред 17 години беше одигран епскиот натпревар помеѓу Милан и Ајакс во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Натпреварот во Амстердам заврши без победникот, а на „Сан Сиро“ беше 2:2 се до последните минути кога Инзаги постигна гол за победа од 3:2 или поточно кажано беше најзаслужниот, но не погоди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој гол е препишан на Јон Дал Томасон кој последен ја допре топката која и онака ќе влезеше во голот.
„Тоа се случи пред 17 години, но јас и денес чувствувам возбуда кога ќе се сетам на тој ден. На моментот се сеќавам како да беше вчера. Тој гол во судиското продолжение е мој омилен иако не ми беше препишан на мене“.
„Ако линискиот судија не ја следеше добро играта можеше да досуди и офсајд. Подоцна Милан таа сезона стана шампион на Европа, тоа беше доказ дека фудбалот некогаш знае да биде неверојатен“, објасни Инзаги.