Дома Фудбал Италија Инзаги: Савиќ е фантастичен, тој ќе биде подобар од Пол Погба

Инзаги: Савиќ е фантастичен, тој ќе биде подобар од Пол Погба

Стигнуваат пофалби за ѕвездата на Лацио од сите страни.

Кога ќе го погледнете бројот на клубови кои покажуваат интерес за Сергеј Милинковиќ-Савиќ и сумата која се спремни да ја платат, изјавата на неговиот тренер воопшто не е чудна.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тој денес на конференцијата за новинари не сакаше да зборува за потенцијалниот трансфер на Савиќ.

„Тој има само 22 години и игра одлично, владее голем интерес за него. Често пати разговараме, тој е среќен тука. Среќен сум кога има интерес за нашите фудбалери, тоа е потврда дека играме добро, но како што кажав тој е среќен тука, а минатата година потпиша и долгогодишен договор со овој клуб“, изјави Симоне Инзаги кој потоа го спореди Савиќ со Пол Погба.

„Зборуваме фудбалер кој има големи технички и физички квалитети. Верувам дека Сергеј може да стане подобар дури и од Погба кој во овој момент е еден од најдобрите“, изјави Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е новиот тренер на Реал Мадрид: Се чека само грешка на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо, во случај на грешка против Алавес, би можел да добие отказ на позицијата трен…