Дома Фудбал Лига на шампиони Инзаги: Ние бевме подобрата екипа во двомечот, разочарани сме

Инзаги: Ние бевме подобрата екипа во двомечот, разочарани сме

Екипата на Интер победи во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул, но победата од 1:0 не им беше доволна за пласман во четвртфинале затоа што на првиот натпревар беа поразени со 2:0.

Тренерот на Интер Симоне Инзаги смета дека неговиот платил за незаслужено лошиот резултат во Милано.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Заслуживме повеќе, посебно во првите 75 минути во Милано. Дадовме се од себе на „Енфилд“ и вкупно гледано во двомечот ние бевме подобриот тим. Разочарани сме“, изјави Инзаги.

Стрелецот на голот за Интер во вчерашниот натпревар, Лаутаро Мартинез истакна дека тимот покажал напредок.

„Покажавме карактер и покажавме дека сакаме да напредуваме. Исто така добро игравме и на „Меаца“. Треба да извлечеме поука од оваа елиминација и да гледаме кон наредните натпревари“, изјави Лаутаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо се сретна со едни од најмоќните луѓе во светот: Мојот син е негов голем фан

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, приреди свечена вечера за с…