Дома Фудбал Лига на шампиони Инзаги и Лаутаро: Мора да бидеме перфектни

Инзаги и Лаутаро: Мора да бидеме перфектни

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги заедно со напаѓачот Лаутаро Мартинез зборуваа пред утрешното финале во Лигата на шампиони.

Инзаги призна дека Сити е најдобриот тим во светот и истакна дека неговиот тим мора да биде перфектен ако сака да стигне до пехарот.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


„Знаеме каков натпревар нѐ очекува, знаеме дека Манчестер Сити е врвен тим. Тие се најдобриот тим во светот во моментов. Тоа го докажуваат дури и кога не победуваат. Горди сме што сме на оваа сцена и ќе дадеме сѐ од себе. Ќе играме со максимална концентрација и ќе мора да ги сведеме грешките на минимум. Мора да бидеме перфектни“, изјави Инзаги.

„Да се биде во финале на Мундијал и во Лигата на шампиони е неверојатно достигнување. Сезоната беше дефинитивно позитивна за мене и задоволен сум од мојата игра, но сега е важно да завршиме на најдобар можен начин. Кога ќе стигнеш до финалето, треба да си подготвен да го направиш и последниот чекор. За сите во клубот ова е важен меч“, изјави Лаутаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јувентус сериозно заинтересиран за ѕвездата на Шахтјор

Јувентус го изразува сериозниот интерес за играчот на Шахтјор Донецк, Хеорхи Судаков. Суда…